Славниот турски готвач се пофали дека гости во неговиот ресторан направиле сметка од 170.000 долари

|

Светски познатиот турски готвач, Нусрет Гокче, познат под прекарот „Salt Bae“, објави фотографија од износот на сметката од неговиот ресторан „Нусрет галерија“ во Абу Даби. На сметката се гледа дека гостите на само една маса платиле речиси 170.000 долари.

На сметката било наведено дека вечерата е за 14 лица.

Некои од јадењата што биле нарачaни се следните: говедско карпачо, бифтек „златен Отоман“, бифтек „златен Истанбул“, „златна“ баклава итн. Гостите пиеле вино „Петрус“, коктели „Негрони“, коњак „Луј Тринаесетти“.

На твитер се појави заедничката слика, но и фотографија од самата сметка која се претпоставува дека е нивна.

“Колку ги плаќаш своите келнери? 15 долари од час?“, напишал некој корисник на Инстаграм.

“Тоа не е квалитет, тоа е поткрадување на луѓето. Цените се катастрофални“, додал друг.

“Тие не го плаќаат квалитетот на твојата храна туку сопствената глупавост“, гласи еден од револтираните коментари.

На таквите коментари одговори и самиот Салт Бае: “Квалитетот никогаш не е скап“, порача славниот готвач.