Следува уште еден споен викенд: ова се неработните денови до крајот на годината

ИЗВОРСкопје24
|

Празникот на сите светци 1 ноември (петок), ќе биде неработен за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека одлуката е согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ” бр.21/98 и 18/07).

Неработни денови кои следуваат до крајот на 2019 година се:

За сите граѓани на РМ
8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од католичка вероисповед
1 ноември (петок), Празникот на сите светци,
25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
22 ноември (петок), Ден на албанската азбука,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.