Слепо момче запеало во шопинг центар и станало хит – сите му се воодушевуваат

ИЗВОРСкопје24
|

Карл Малоун Монтесидо, кога ова слепо момче од Баколод ја запеало “Too Good at Goodbyes” од Сем Смит на караоке во една продавница и ги оставило сите присутни без зборови.

Неговата неверојатна изведба ја снимила Трикси Медисон која случајно се нашла во продавницата и ја објавила снимката на својот Фејсбук профил. Набрзо Карл станал вирален хит, а видеото стигнало дури и до Сем Смит.

“Кое е ова момче? Вонсериски си, кој и да си”, му порачал Смит, споделувајќи го видеото на Твитер.

Снимката од шопинг центарот била објавена кон почетокот на февруари, а досега е прегледана повеќе од 11 милиони пати и бројката постојано расте.