Аби Џексон (22 г.) работела како снимател на бродот „Polar Prince“ во неделата наутро кога исчезнатата подморницата со екипаж од пет лица се спуштила во водите на Атланскиот Океан.
Екипажот во подморницата „Titan“ на компанијата OceanGate исчезнаа на брегот на Њуфаундленд, Канада. Се проценува дека во моментот на потонувањето имале доволно кислород за следните 96 часа, а според последните информации тие веќе се без воздух, пишува The Sun.
Исчезнатата подморница ја започнала својата експедиција во раните утрински часови, а непосредно пред 10 часот по локално време изгубила контакт со матичниот брод.
Целата ситуација од безбедно растојание ја следела и Аби Џексон, која требало да ја документира најсовремената истражувачка технологија. Млада Канаѓанка го извадила мобилниот телефон и го снимила моментот кога „Titan“ влегол во океанот. На видеото се гледа како подморницата на OceanGate влегува во водите во позадина.
„Ја гледам подморницата како се спушта кон Титаник“, се вели во описот на видеото.
Според последните објавени информации од светските медиуми се вели дека екипажот веќе останал без воздух за дишење, а каков епилог ќе има целиот случај останува да видиме.
@abbijaxxxon what a legend #titanic #legendsneverdie #explorers