Снег во Македонија – На овие места вее во моментов

ИЗВОРскопје24
|

Сообраќајот на државнита патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози.

Слаб снег кој не се задржува на коловозот префрла на П.Шапка,Крушево и на планинските превози Ѓавато и Пресека. Намалена видливост поради магла до 150 метри има во Крушево.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Во продолжение прочитајте ја прогнозата за следните денови во Скопје

Променливо облачно и студено со повремен локален снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9 степени.

Претежно облачно со засилен северен ветер. И во Скопската Котлина ќе има услови за провејување на снег.

И утре ќе дува засилен северен ветер. Во следните денови времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни.

Izvor: press24.mk