СНЕЖЕН БРАН ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА: ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ТЕМПЕРАТУРИ ОД -18°C

ИЗВОРСкопје24
|

До крајот на денов и навечер ќе има врнежи и тоа особено застапени во западните предели од државава. Истите ќе бидат претежно од снег, освен на некои пониски места каде накратко ќе бидат од дожд и од снег, Особено во западните предели ќе се формира снежна покривка и на некои пониски места. Ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Температурите на воздухот до крајот на денов значително ќе започнат да опаѓаат.

Потоа нови снежни врнежи ќе има утре попладне и навечер и тоа во поголемиот дел од државава. На многу места од државава ќе се формира снежна покривка, додека во западните предели, особено на тие места каде што веќе ќе ја има истата, ќе се зголемува.

Многу постудено ќе биде од петок, па за време на викендот и на самиот почеток од следната недела кога температурите на мнгу места ќе бидат постојано под нулата, додека наутро понекаде ќе се спуштаат и до околу -13, -14 степени. На некои места истите има услови да се спуштат дури и до околу -18, -19 степени, особено на повисоките и планинските места.

Во петок и во недела ќе биде суво и променливо облачно со сончеви периоди, додека во сабота ќе има услови за локално и за слабо провејување на снег. Повремено ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец и истиот ќе направи температурите на воздухот да се чуствуваат како пониски од реално измерените.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука