Вечерта понеделник кон вторник, поради влијание на студен бран, на повисоките места од нат 1000 метри надморска висина врнеше снег. Па, така нашите зимско рекреативни центри, пред се Попова Шапка и Маврово се „разбудија“ со знежна покривка. Конечно, по првата третина од јануари месец има снег на високите места. Според хидрометеоролозите, во следните денови можно е провејување на снег и во пониские, односно градските средини.
Маврово, Бистра
Попова Шапка
Со КЛИК на следниот ЛИНК можете во живо да ја следите ситуацијата на ски центрите.
Како што најавија од УХМр времето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови, а на планините од снег.
Попладне врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места со послаб интензитет. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.