Снежни наноси на патот кон село Галичник, се работи на расчистување

ИЗВОРСкопје24
|

– Екипи на „Македонија пат“ работат на расчистување на снежни наноси на патот кон селото Галичник, откако граѓаните побарале помош од Центарот за управување со кризи.

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, изрази надеж дека екипите на „Македонија пат“ до крајот на денешниот ден целосно ќе го пробијат патот до селото.

– На повик на неколку жители на село Галичник, кои што се наоѓаат во селото до кое што не може да се дојде со возило затоа што патот е со големи наноси на снег на некои места и со по неколку метри длабок снег денес ќе се обидеме да дојдеме до селото и да ги посетиме овие луѓе. Ние веќе апелиравме до Македонија пат, да ги забрзаат работите со чистење на патот бидејќи доаѓаат и велигденски празници и луѓето кои што живеат таму, луѓето кои што сакаат да го посетат овој македонски планински бисер, да можат викендов да отидат во селото. Како што можеме да видиме Македонија пат добро ја има завршено својата работа, патот е пробиен низ длабокиот снег, изјави Ангелов.

Поголем дел од наносите се високи повеќе од еден метар, а на некои делови и по пет-шест метри.