Снежно невреме ја зафати Хрватска – Доаѓа ли и кон Македонија?

|

Иако сите се израдуваа на сончевото време и доаѓањето на месец април, сепак се чини како зимата да не сака да си знамине. Снежно невреме ја зафати Хрватска денеска, откако земјата е погодена од студен бран. За само 24 часа измерени се температурни разлики и до 18 степени, односно температурите денес се намалија за неверојатни 18 степени за разлика од вчера.

Снег утрово падна во Горски Котар и Лика и температурите таму сега се околу нула и се за десет степени пониски од вчерашните. Утрово измерени се 7 сантиметри снег во Делнице, а 10 сантиметри во населбата Бегово Раздоље.

Јадранската магистрала помеѓу Карлобаг и Света Марија Магдалена е затворена за секаков сообраќај, а поради лошите временски услови, во прекин се и некои фериботски и катамарански линии, објави Хрватскиот авто-клуб (ХАК).

Сега нема слободна рута за камиони со приколки и полуприколки од правецот на внатрешноста кон Далмација, Риека и Истра и обратно.

И кај нас метеоролозите предвидуваат намалување на температурите во наредниве неколку дена, како и дожд, ветер и на места снег. Во продолжение прочитајте ја метео анализата на Славчо Попоски:

Периодот кој што е пред нас ќе донесе доста променливо време проследено со почести врнежи од дожд, како и врнежи од снег на планинските места низ државава.

Утре ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд, додека на планините ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, понекаде и умерен ветер од западен и од југозападен правец, додека попладне и кон крајот на денот Долж Повардарието ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени, додека во крајните југоисточни предели истите се очекува да се искачат до околу 20 степени.

Потоа во четврток и во петок ќе имаме претежно суво време. Односно времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека за време на викендот под влијание на влажен воздушен бран ќе има врнежи од дожд насекаде, додека на планините врнежите ќе бидат од снег, додека температурите ќе бележат тенденција на пад и за викендот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

Променливото време со чести врнежи од дожд и снег на планините ќе се задржи и на почетокот од следната недела. Врнежите повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и локално се очекува да наврне ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.