Со најблиските на роденден: Лила ги собра сите погледи во скопски ресторан

ИЗВОРСкопје24
|

Убавата водителка Лила Филиповска вчера по повод својот роденден ги собра најблиските во еден скопски ресторан каде ги покани на ручек, наместо роденденска забава поради здравствената криза. Всушност, на убавата Лила роденденот и е токму денеска на 15ти октомври, но поради снимањето за квизот „Се или нешто“ таа реши роденденскиот ручек да го направи ден порано.

Нејзините најсакани на едно место, меѓу нив синот Филип, пријателките, добро познатиот нејзин асистент Спасе, Зоки Фаци и останати.

Секако, од оваа мала роденденска прослава како највпечатливо нешто ќе остане изгледот на Лила.

Имено, таа беше облечена во впечатлив фустан со долги реси, преубава фризура и секако нејзината блескава насмевка како шлаг на тортата.