Со неа беше во врска 24 години, а потоа се ожени со Хана: Петар Грашо призна во какви односи е со Данијела Мартиновиќ

|

Пејачот Петар Грашо минатото лето беше во центарот на вниманието на медиумите од цел Балкан, поради својата врска и брак со Хана Хуљиќ.

Имено тој 24 гдини беше во вонбрачна заедница со Данијела Мартиновиќ, но по само неколку месеци од прекинот на таа врска веднаш се ожени со ќерката на Тончи Хуљиќ. Нивната свадба беше топ тема со денови, а папараци фотографите ги следеа во секој чекор. Тоа што Хана беше бремена уште повеќе додаде масло во огнот.

Сега, Грашо конечно проговори за врската со поранешната партнерка и откри во какви односи се по сета таа драма.

-Не сум во кавга со никого. Ние секогаш сме во добри односи – изјави Грашо.

Инаку, Грашо и Хана ретко се појавуваат заедно во јавност, особено откако минатата година ја добија ќерката Алба.