Со ова овошје вашите садови ќе светнат како да сте ги измиле со најскапото средство

ИЗВОРСкопје24
|

За да ни светат и убаво да ни мирисаат садовите, ние секојдневно даваме многу пари на скапи препарати и детергенти за садови. Но, постои овошка која ќе ги светне како да сте ги измиле со најскапиот детергент.

Да, убаво прочитавте, и тоа сите ја имате во кујната, а тоа е лимонот. Лимонот особено е корисен за закоравени и мрсни дамки кои се таложат на садовите, запечена храна на нив и слични проблеми со кои секојдневно се соочуваме во кујната.

Дури и да ги перете садовите во машина за садови, ставете внатре и 2-3 кришки лимон и ефектот ќе биде неверојатен.