Со помош на овој сајт можете да најдете било која куќа и улица – било каде во светот

ИЗВОРСкопје24
|

Интересен сајт се појави на интернет на кој, за само неколку секунди, можете да ја пронајдете било која куќа во било која улица на планетата. Потребно е само да ја внесете адресата (улицата, бројот на куќата или зградата и градот) што ве интересира и тоа е тоа!

Исто така, можете да направите виртуелна прошетка низ улицата, или, на пример, да погледнете во куќа или зграда што ве интересира.

Многу е погодно кога барате одредена куќа или зграда во некоја улица, бидејќи отсега не мора веќе никој да ви објаснува покажувајќи со прст, туку едноставно, влезете на овој сајт http://showmystreet.com и сами пронајдете ја посакуваната адреса.