Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри: Редарска служба пред билетарите и ски лифтовите

ИЗВОРСкопје24
|

Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат согласно соодветен протокол со пропишани превентивни мерки во услови на криза, имајќи предвид дека скијачките центри не располагаат со затворени гондоли на жичарите.

Владата ги прифати и препораките на Комисијата во однос на Протоколот за безбедносни мерки за болеста за ски центрите за измени во делот на редарската служба пред билетарите и ски лифтовите.

Задолжително е потребно обезбедување на физичко растојание од 1,5 – 2 метри и пред билетарите (како пред жичарите и ски лифтовите), како и ограничување на работата на угостителските објекти на терените само на отворен простор и со шалтерска продажба со прибор за еднократна употреба.