СО ПРОМОЦИЈА НА „МОСТОВИ НА ПРИЈАТЕЛСТВО 3“ ЗАПОЧНА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ДЕНОТ НА БОШЊАЦИТЕ

ИЗВОРСкопје24
|

Во присуство на голем број љубители на пишаниот збор на 26.09. 2019 г. во Ликовниот салон во Велес е промовирана книгата “Мостови на пријателство 3” од од група автори на македонски и босански јазик во издание на Диван, кој заедно со Клубот на писатели Рацин беа организатори на промоцијата. Промотори на збирката поезија беа писателите Шефкија Боранчиќ, Игор Крајчев и Авдулах Рамчиловиќ, а модератор Лили Арсова.

На промоцијата присуствуваа Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, пратениците во Собранието на РС Македонија: Зеќ​ир Рамчиловиќ, Панче Иванов и Агим Муртезанов, Заменик министерот во Министерството за политички систем, Вршител на должноста на амбасадор на Босна и Херцеговина и др.

Промоцијата од името на Собранието ја отвори пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, кој ги поздрави присутните гости, авторите и љубителите на поезијата и меѓу другото рече: „Пораките на разбирање, љубов, мир, слога, почитување се пораки на писателите застапени во збирката поезија „Мостови на пријателство 3“, но и универзални пораки со кои можеме да градиме подобра иднина. Нека ни е среќен, вечен и вековит Денот на Бошњаците и да заедно со сите граѓани на Македонија и регионот одиме напред, како што кажав градејќи подобра иднина, која е можна само доколку искрено градиме мостови на пријателство, како тоа што ви го правите почитувани писатели.“

На присутните автори и заслужни поединци и институции за развој на културата во РС Македонија, Претседателката на Диван, Сафета Цуцак им додели благодарници. Љубителите на поезијата уживаа во стиховите кои беа прочитани од страна на 24 автори. На задоволство на присутните настнот беше збогатен со изведбана класична музика и инструментални обработки на севдалинки.

Промоцијата е дел од одбележувањето на „28 Септември – Денот на Бошњаците“, а во наредните денови има повеќе настани посветени на одбележувањето.​