Во изминативе неколку години станавме сведоци од неопходноста за движење и на потребата за поминување време надвор, на отворено. Оттука, лесно е да се заклучи колку важна е улогата на паметното развивање на заедниците со креирање на соодветни простори во форма на паркови кои ќе обезбедуваат место за одмор и релаксација, но уште поважно – ќе бидат локации за спонтана социјална интеракција на различни генерации. Социјалната интеракција е темелот на „социјалниот капитал“ – мрежата на релации што ја дефинираат природата на граѓанскиот ангажман и кохезијата на едно место. Местата со добар социјален капитал се стабилни, просперитетни, каде луѓето сакаат да живеат и работат. Овие делови луѓето ги опишуваат како “одлични“ населби, општини или градови и се гордеат што се дел од нив. Не е особено лесно да се изгради социјален капитал, но лесно е да се изградат простори каде што може истиот да се формира. Малите урбани паркови се едни од најдобрите начини за ова. Токму овој сегмент е препознаен од Скопје Сити Мол, кој на општина Карпош и на Скопје им подари нов урбан парк.
За еден урбан парк да биде одличен, не е важна неговата големина, туку начинот на кој е создаден, дизајниран и реализиран. Добро дизајнираниот парк ги привлекува луѓето, прави да сакаат да престојуваат во него и поттикнува спонтани интеракции меѓу нив. Од голема важност се и клучните физички карактеристики кои треба да се земат предвид при планирање и дизајнирање на парк, плоштад или друг јавен простор.
Eден парк е добар кога овозможува простори за седење. Доброто седење е најосновната карактеристика на успешен јавен урбан парк. Во паркот пред Скопје Сити Мол, седењето е решено преку естетски, мулти-функционални клупи кои можат на едно место да здружат повеќе луѓе во различни ситуации – од пријателски разговор во “четири очи“, до маалско дружење во поголема група. Позициите за седење се фокусирани на просторот каде што се одвива “акцијата“ – детското игралиште и малиот плоштад наменет за настани од мал формат. На овој начин, Скопје Сити Мол креира удобни, функционални и комплементарни простори привлечни за различни луѓе. Родителите можат да седат додека ги надгледуваат децата, оние на брзање може да уживаат во утринското кафе на сонце, додека пак учениците и средношколците имаат доволно простор за заеднички дружби во голем број.
Добрите паркови имаат добар визуелен пристап. Ако луѓето се чувствуваат отсечени од нивната околина, може да се чувствуваат небезбедни. Јавните простори треба да бидат дизајнирани и одржувани така што тие се видливо „поврзани“ со нивната околина. Во оваа насока, Скопје Сити Мол во новиот урбан парк има поставено доволно зеленило за да се збогати просторот, но истовремено паркот има доволна видливост од страните за да биде привлечен и да повикува на дружба.
Од аспект на локација, парковите во соседството се најдобри ако се лоцирани во простори кои нудат близина до нивниот дом, но и низа функционалности – како училишта, градинки, шопинг, библиотеки – целини кои поврзани една со друга го нагласуваат целокупното секојдневно искуство. Ова е еден голем плус за Скопје Сити Мол, затоа што како број еден трговски центар кој до сега нудеше огромна понуда на услуги, продукти и содржини за различни потреби, со пуштањето во употреба на паркот се целосно опфатени потребите на локалното население и пошироко.
Дрвјата и зеленилото се клучна карактеристика на секој парк или отворен простор. Помагаат при регулација на температурата и при блокирање на ветерот, ја “омекнуваат“ околината и додаваат боја, текстура и звук на отворените простори. Новиот урбан парк пред Сити Мол е збогатен со голем број садници дрва и зеленило кои ќе придонесат кон доближување на природата во овој урбан простор, истовремено намалувајќи го влијанието на бучавата од околните, фреквентни улици.
Она што ја помага социјалната интеракција во урбаните паркови е понудата на дополнителни содржини. Уметноста, различните настани, па дури и уличните изведувачи можат да помогнат во поврзувањето на луѓето, честопати стимулирајќи пријателска интеракција. При вакви дополнителни содржини, луѓето тежнеат да коментираат за случувањето во група, па така на овој начин се поттикнуваат разговори и интеракции. А како ветеран во ваквите дополнителни содржини, дури и при дизајнот на паркот, Скопје Сити Мол размислувале во оваа насока, оставајќи специјален простор кој може да се користи за оваа намена.
При создавањето урбани паркови и простори, од голема важност е да се размислува за потребите на децата и тинејџерите. Со поставување на модерни детски реквизити кои го поттикнуваат детскиот развој на различни нивоа, Сити Мол создава голем број можности за забава и рекреација за децата, помагајќи им да го доживеат детството на еден поинаков начин од денешниот, процес кој често недостасува во современиот урбан живот.
Урбаниот парк пред Скопје Сити Мол, покрај својата рекреативна улога, е важен катализатор за развој и подобрување на заедницата и суштинска компонента во трансформирањето и збогатувањето на општина Карпош и пошироко. Новиот парк е место за социјална и културна размена, истовремено нудејќи можности за физички активности како што се активностите за децата, уживање во различни настани или пак едноставно дружење со пријателите. Со ова дополнување на секојдневието на Скопјани, Сити Мол ја потврдува лидерската позиција помеѓу трговските центри, истовремено придонесувајќи кон иднината и развојот на општината и заедницата како целина.