Сообраќаен хаос во Тетово

ИЗВОРТелма
|

Колони возила на улиците, нервозни возачи. Веќе извесно време ваква е сликата во Тетово. Гужвите особено се создаваат на кружниот тек на влезот на градот и во централното подрачје. За да се стигне до саканата дестинација со автомобил, потребно е двојно повеќе време од предвиденото.

Дел од граѓаните на Тетово не веруваат дека најавениот јавен превоз ќе биде решение за сообраќајниот хаос којшто владее во градот, а други велат дека е неопходен бидејќи градот се проширува.

Денес во Тетово беа донесени 5-те долгонајавувани автобуси. Градоначалничката, Теута Арифи, рече дека се работи за капитален проект од голема важност за граѓаните и дека гужвите во сообраќајот ќе се намалат ако повеќе се користи јавен превоз.

За набавка на автобусите Општината доби кредит од Светска банка, преку Министерството за финансии, во износ од 1,2 милиони евра.

Од пред два месеца поставени се и автобуски постојки на главните булевари во Тетово, но се уште не се знае колку ќе ги чини граѓаните возењето со автобус. Деталите ќе се утврдат на седница на Совет, по што се најавува дека ќе започне да функцинира јавниот превоз преку претпријатието „Тетово транспорт“.

Данијела Билбилоска