Собрани над 166.000 евра за лекување на малечката Миња на онлајн концертот на Марија Шерифовиќ

ИЗВОРСкопје24
|

Марија Шерифовиќ, синоќа го одржа својот хуманитарен онлајн концерт на платформата „YOUBOX“. Цената на билетот била СМС порака за лекување на малата Миња Матиќ, а наводно биле испратени над 100. илјади пораки, што значи дека, на овој начин, биле собрани околу 20.000.000 динари (околу 166.666 евра).

Концертот прво бил најавен за во 19 часот, но подоцна одложен за 22 часот поради технички потешкотии и голем број на корисници кои се обиделе да влезат во апликацијата истовремено.

Марија Шерифовиќ, која во неколку наврати ги покани сите луѓе да испратат СМС, ги отпеала и своите хитови и песните на нејзините колеги. За време на концертот, кој траел 3 часа и 20 минути, пристигнале околу 100.000 хуманитарни СМС-пораки.
Со своите донации помогнале не само правни и физички лица , туку и многу познати лица издвоиле пари за лекување на малата Миња.

Покрај Марија Шерифовиќ, на концертот настапиле и Џенан Лончаревиќ, Џејла Рамовиќ и Јована Пајиќ, додека за официјалната програма била задолжена Ана Михајловски. Во текот на вечерта, во живо се придружиле и Момчило Бајагиќ Бајага, Никола Роквиќ и Александра Пријовиќ.