Сочен сендвич од стар леб: Ова е сè што ви е потребно за превкусно јадење

ИЗВОРСкопје24
|

Искористете го стариот леб кој ви останал и направете вкусен сендвич.

Потребни состојки: – 6 парчиња леб

– 3 јајца

– 50 гр. бело брашно

– 50 гр. презла

– 100 гр. шунка

– 100 гр. листови кашкавал

– 2 печени пиперки

– неколку парчиња кулен

– малку масло

Начин на припрема: На едно парче леб ставете кашкавал, па печена пиперка исечкана на ленти, шунка и 2 парчиња кулен. Ставете друго парче леб преку филот.

Јајцата разматете ги, а брашното и презлата ставете ги на фолија. Сендвичот извалкајте го во брашно, па во јајца и презла. Наредете ги лепчињата во подмачкана тава, капнете неколку капки масло за јадење одозгора и печете на 200 Целзиусови степени, 30-40 минути.