Никој не го очекуваше овој хуман потег од Софија Милошевиќ

|

Поранешната кошаркарка Милица Дабовиќ откри дека Александа Пријовиќ неодамна и помогнала финансиски со тоа што купила дел од носената гардероба што ја продавала, а сега истото го стори и Софија Милошевиќ.

Милица беше многу изненадена од хуманиот потег на Пријовиќ, а нејзиниот пример беше само охрабрување за другите јавни личности кои можат да и помогнат на самохраната мајка.

– Софија навистина ме воодушеви. Многу самохрани мајки ми се јавија и ме прашаа дали можам да им помогнам. Бидејќи другите жени ми помагаат, и јас сакав и ги вклучив – рече Дабовиќ.

Бремената манекенка стапила во контакт со Милица и прашала што има да понуди од гардеробата, а тој потег ја изненади кошаркарката.

– После тоа, Софија спонтано ме праша што продавам и дали може да си купи нешто од понуденото. И реков дека нема ништо за неа и дека не е навикната на тоа, а таа само ми рече да испратам се што имав. Ја прашав дали се шегува со мене, таа рече не. И реков дека ќе умрам од среќа – вели Милица.

Милица не може да го скрие својот ентузијазам за сите оние што дојдоа да и помогнат.

– Таа ме воодушеви целосно по Александра. Еве, гледате кој ве повикал и кој ви помогнал во животот. Таа едноставно ме остави без зборови – додаде поранешната кошаркара за „Блиц“.

Да потсетиме, Милица се породи во 2017 година и роди момче, а набргу потоа, тогашното момче ја напушти и таа остана да го одгледа своето дете самостојно. Со цел да си го дозволи само најдоброто за нејзиниот син, таа постојано потенцираше дека не се срами од никаква работа.

Таа започна да продава користени алишта, поради што таа беше мета на критики од одредени корисници на социјалните мрежи. Поранешната кошаркарка пишува и книга за нејзиниот бурен живот, која наскоро ќе ја види светлината на денот.