Солена пита од јогурт со шунка и краставички

ИЗВОРСкопје24
|

Доколку вечерва се уште немате идеја што да си направите за вечера, во продолжение ви претставуваме рецепт за вкусно тесто кое е одлично за вечера.

СОСТОЈКИ: 4 јајца, 400 мл јогурт, 300 гр брашно, 1/3 лажичка сол, 1/2 прашок за печиво, 150 гр сечкана шунка Пекабеско, 150 гр рендан кашкавал, 100 мл масло, неколку кисели краставички и малку мајчина душица или друг зачин по избор.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Исечкајте шунка и краставички. Кашкавалот изрендајте го ситно. Измешајте јогурт и јајца, додајте брашно, сол, прашок за печиво, измешајте за тестото да биде глатко без грутки. Потоа додајте масло, па шунка, краставички и кашкавал, и на крај мајчина душица.

Изедначете ја смесата, префрлете во плех обложен со хартија за печење. Печете на 180-190 степени околу 30-40 минути. Добар апетит!