Сончево до 35 степени, следува стабилен период со раст на температурите

ИЗВОРСкопје24
|

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево со мала облачност и умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 30 степени.

Следува период на стабилно време, во четврток со умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен и северозападен правец. Дневните температури ќе бидат без позначителни промени, а утрата ќе бидат посвежи. Позначителен пораст на температурите ќе има од недела.