Соња Преград и Марко Гутиќ Мижимаков со перформанси во Отворено графичко студио и во Кино Култура

ИЗВОРСкопје24
|

Изведба на перформанси на Соња Преград (кореограф/изведувач) и Марко Гутиќ Мижимаков (визуелен уметник/изведувач) од Хрватска во Отворено графичко студио и во Кино Култура во организација на Локомотива – Скопје.

На 3 септември во Отворено графичко студио – Музеј на Град Скопје, со почеток во 20 часот, Соња Преград ќе го изведе своето дело, перформансот „Carnival tent rusts in the evening breeze – un/packing of objecthood” / „Карневалски шатор кој рѓосува во вечерниот поветрец – от/пакување на предметноста”.

Перформансот функционира истовремено и во спротивност како перформанс, и како изложба. Во него 9 „предмети” се изложени/изведени – перформанс како објект што се состои од време, предмети позајмени од публиката, риенактмент на перформансот „Meeting Point” на хрватската уметничка Сања Ивековиќ, пишување на ѕид, тинејџерски дневник од 1991, облека купена во хрватската фабрика за текстил во банкрот – Каменско, шеќерни коцки и танцот како предмет. Изведувачот/авторот/кураторот поттикнува игра каде предметите се релации, релациите се движења и движењата се предмети.

Соња Преград (Загреб/Берлин) е кореографка, изведувач и професор со завршени магистерски студии на Соло/Танц/Авторство на Universitaet der Kunste Berlin и диплома на ArtEZ Arnhem. Нејзините соло дела и соработки со Willy Prager, Silvia Marchig, Marjana Krajač и многу други се изведени на фестивали во Германија, Хрватска и во останатиот дел од Европа. Таа како изведувачка се појавува во делата на Meg Stuart, Boris Charmatz, Sanja Iveković, Isabelle Schad и други. Од 2007 година таа е една од ко-основачите и организаторите на фестивалот IMPROSPEKCIJE. Таа предава на програмата SMASH Berlin program и the Academy for Fine Arts, Department for Animated Film and New Media. Таа е добитничка на наградата Croatian Theatre Award за најдобар женски перформанс и најдобро дело во 2018 за претставата In here and Out there и специјално признание на 26th Slavonian biennale за делото Carnival tent.

На 4 септември во Кино Култура, со почеток во 20 часот, Марко Гутиќ Мижимаков ќе изведе два авторски перформанси: „Друговање (во соработка MarQ2)” и „Cruising the Manifold, Disoriented”.

„Друговање (во соработка MarQ2)”

Со само една страна и една маргина вие заличувате на шише „Klein bottle” или Мобиус-ова лента. Како да нема внатрешност или надворешност, вашето тело – налик на полигон танцува заедно со пикселите на LCD екранот.

Постојано преговарање и преносот на информација помеѓу GPU и CPU. Полигоните од вашата кожа како сплет на мрежи на која се истегнуваат и искривуваат разнолични текстури и работи кои изгледаат органски, само кога се осветлени од зрак од гледна точка на хипотетичка камера, анализирано од рендерирачки погон, кој ве процесира во фоторелаистична форма. Форма во која јас ве препознавам.

„Cruising the Manifold, Disoriented” е медитација на килим. Поетски рецитал ставен на позадина на слики од GAN прикази на квир пејзажи со понекој повремен афективен клон (3Д фигура).

Прикази на физички простори генерирани од упростен текстуален опис со помош на Алгоритам (GAN), кој е претходно трениран на „Дата база од слики на општи објекти во контекст” (COCO).

Наместо да се укаже на пристрасност на алгоритамот и неговата неспособност да понуди убедлива репрезентација во форма на веродостојна слика, неспособноста е разбрана како „квир – неуспех” („queer failure”), односно неуспех на прикажаните простори да останат флуидни, нефиксирани од скаменувачките сили на розовиот пазар („pinkmarket”) Марко Гутиќ Мижимаков, роден е 1992 година. Завршува мастер програма New Media from the Academy of Fine Arts во Загреб. Тој работи, игра, истражува и експериментира преку видео, 3D анимација, перформанс и инсталација. Тој прави разлика помеѓу дигиталното и виртуелното и е вовлечен во теми за и од телото. Негови соработници често се уметници од изведувачките уметности. Тој работи и живее во Загреб, каде штотуку го иницираше проектот Čvorište/The Hub – виртуелен изложбен простор во форма на списание, придружувано од програма на експериментални, ефемерни и хибридни уметнички практики, организирани од G-MK. Од декември 2014 тој е близок познаник на The Best (Najbolja).

Перформансот се реализира во рамки на УМЕТНИЧКАТА РЕЗИДЕНЦИЈА во Кино Култура (31 август – 09 септември) на Соња Преград и Марко Гутиќ Мижимаков во организација на здружението на граѓани Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата, како дел од програмата „Современа кореографија и танц” поддржана од Министерство за култура, Град Скопје и општина Центар.