Сообраќајка во Скопје: Се судрија полициско „пежо“ и моторцикл, моторџијата заврши во болница

|

Скопската полиција извести дека вчера во 13.25 часот е пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ во населбата Кисела Вода се случила сообраќајна незгода помеѓу „пежо“, сопственост на МВР и моторцикл „априлија“ управуван од В.М.(30) од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобил моторциклистот В.М., констатирани во градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.