Сопругата на претседателот Пендаровски има важен совет за сите граѓани

ИЗВОРСкопје24
|

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓорѓиевска која работи на Стоматолошката клиника на својот Фејсбук профил објави неколку совети во однос на носењето на маски, односно какви маски е соодветно да носите за да се заштите.

Препорачува да се избегнуваат маски со вентил, бидејќи, како што пишува, низ вентилот, кога издишуваме, во млаз се исфрлаат ситните капки коишто ја содржат заразата.

-Носете платнени маски (најдобро трослојни) за да се заштитите себеси и сите околу вас.

Носете медицински маски ако: се грижите за лица болни од новата болест, имате над 60 години, или хронично заболување.

Да останеме безбедни и да се заштитиме, напиша Ѓорѓиевска.