Соработка за унапредување на претприемничко образование во средните училишта

ИЗВОРСкопје24
|

Денес беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Здружението Џуниор Ачивмент Македонија, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука со поддршка на Канцеларијата на УСАИД во Република Северна Македонија.

Потпишувањето на овој Меморандум има цел да ја унапреди соработката помеѓу институциите во полето на претприемничкото образование во сите средни училишта во државата како и да отвори дијалог меѓу потписниците за прашања поврзани со образованието на младите, создавање план за вработување и подготвеност за работа.

Вклученост на претставниците од образовните институции на меѓународни настани, панел дискусии и работилници организирани од Џуниор Ачивмент низ цела Европа ќе ги прошири границите на разменети знаења и запознавање со актуелните трендови во областа на претприемникото учење. Голем придонес кон креирањето нови вештини и знаења за наставниците и учениците ќе дадат и активностите на проектот преку сертифицирани обуки, кампови на иновации и натпревари на ученици.

Со овој здружен документ, институциите покажуваат дека градењето претриемничка нација не е краткотраен процес, туку дека претприемничкиот дух ја гради иднината, а образованието и наставниците се тие што треба да го поттикнат и овозможат развојот на претприемничките способности кај младите. Исто така, со овој меморандум се поддржува програмата на Џуниор Ачивмент која им овозможува на младите да стекнат практично искуство за водење бизнис и развивање на нови вештини како што се тимска работа, лидерство, презентирање, планирање и финансиско работење, потребни за успешно водење на економијата и создавање на бизнис ориентирана младина, што е еден од столбовите за самоодржливост на земјата.

Американскиот народ преку УСАИД има инвестирано повеќе од 640 милиони долари во Република Северна Македонија од 1993 година досега. УСАИД е најзначајната меѓународна агенција за развој во светот и двигател кој води до резултати во развојот. Работата на УСАИД носи напредок во националната безбедност и економскиот просперитет на САД, ја покажува американската великодушност и на земјите со кои соработува им помага на патот до самостоен и стабилен развој. За повеќе информации посетете ги нашите веб и Facebook страници: https://www.usaid.gov/north-macedonia и https://www.facebook.com/USAIDNorthMacedonia/