Во 2011 година Сораја Вучелиќ се појави во реалното шоу „Големиот брат“, а по излегувањето од куќата старлетата максимално го искористи медиумското внимание кое и беше посветено.
Општо познато е дека по излегувањето од реалното шоу го смени личниот опис со бројни пластични операции, а денес сите го коментираат нејзиниот физички изглед.
Старлетата набрзо почнала да се поврзува со криминални групи и опасни луѓе, а со години и беше забранет влез во Србија.
Животната приказна на Сораја Вучелиќ осамна во медиумите, која трогна многумина.
Имено, се пишувало дека нејзината мајка била принудена да ја остави како дете во дом за незгрижени деца во Бијела, бидејќи немала како да ја издржува откако семејството ја исфрлило од дома кога дознало дека е во таква состојба. Мајката на Сораја после неколку години ја однела ќерката од домот бидејќи се стекнала со нормални услови за живот, но за жал таа починала кога старлетата имала 17 години.
Набргу по преминувањето на нејзината мајка, Сораја се преселила во Белград и станала дел од реалното шоу „Големиот брат“, по што животот и се променил.
Почна да се фали со брендираната гардероба, луксузните патувања и скапите автомобили, а вели дека може да си го дозволи екстремно високиот животен стандард што може да си го дозволи од издавање стан на црногорското приморје. Од друга страна, нејзината пријателка и осуден макро Жељка Роловиќ, попозната во Црна Гора како Мадам Жељка, јавно кажа дека Сораја се занимавала со најстариот занает на светот.
Старлетата, пак, се испроба како водителка во квиз шоу и како модел, а ја поврзуваа со многу познати мажи, но и со криминалци – но не признала ниту една од пријавените врски.
Сораја минатата година во тајност ја откри својата бременост.