Совршено место во Скопје за совршен подарок

ИЗВОРСкопје24
|

Сигурно овие новогодишни денови ве асоцираат и Ве насочуваат кон купување подароци за вашите најблиски, како и малку да ве понесе празнична атмосфера. Доколку сакате шопинг и празнична атмосфера, сигурно ќе ја најдете во Скопје Сити Мол, кој секоја година се украсува поубаво и поинтересно.

Веднаш штом ќе пристигнете, ќе ја забележите огромната новогодишна елка со премин каде што се фотографираат сите посетители. Потоа гигантскиот подарок како потсетник за она што треба да го направите овие празници. На првиот и на вториот кат има уште три поставки за фотографирање за најмалите, како и целата декорација во трговскиот центар, која е блескава и навистина создава прекрасна новогодишна атмосфера.

Останаа уште неколку денови од оваа 2020 година, што многумина од нас сакаат што побргу да замине и да ги искористиме овие денови за нешто убаво и позитивно. Празниците не потсетуваат на важните и убави работи, да бидеме заедно со најблиските и тие кои ги сакаме, да подариме подарок на саканите и да уживаме во домот и празничната атмосфера. И оваа зима, покрај ситуацијата во која се наоѓаме, Скопје Сити Мол се погрижи посетителите да имаат прекрасна атмосфера при посетата на најголемиот трговски центар во државата.

Повелете и уживајте во вашата посета, забава, шопинг или фотографирање, ова е вистинското место за совршениот подарок под вашата новогодишна елка.

Во прилог неколку фотографии од она што можете да го очекувате за време на вашата посета.