Совршена зимница: Направете го најдобриот сос од домати

ИЗВОРСкопје24
|

Ако се подготвувате за зимата, покрај подготовката на стандарните зимници и ајвар, не смеете да го заборавите сосот од домати.

Потребни состојки: 5 кг домати, 2,5 лажици сол, 5 лажици шеќер, 2 лажици алкохолен оцет, црн бибер, оригано, босилек и мајчина душица.

Начин на подготовка: Излупете ги доматите, исечкајте ги и смелете ги. Исцедете ги семињата. Сварете го сокот. Додадете ги зачини и варете до саканата густина. Истурете го сосот во стерилизирани тегли, а потоа добро затворете ги.

Наредете ги во рерната на 90 степени 90 минути, а потоа исклучете ја рерната и оставете ги теглите преку ноќ. Добар апетит!