Совршеното тело и е само за на Инстаграм: Кајли Џенер мета на критики за користење фотошоп

ИЗВОРСкопје24
|

Најплатениот модел и најмлада милијардерка на светот, Кајли Џенер инаку дел од кланот Кардашијан-Џенер, предизвика лавина реакции откако на социјалните мрежи се појавија нови папарацо фотографии, на кои се гледа дека таа не изгледа ни приближно како личноста која се појавува на нејзиниот „Инстаграм“ профил.

Кајли е фотографирана при пристигнување во ресторан со една пријателка, а по тој повод носела широки светли фармерки, сребрена маица во комбинација со сребрени сандали и мала чанта во истата нијанса.

Кога ги забележала папараците, Кајли се обидела да ги одбегне, покривајќи го лицето со раката, но тие, сепак, успеале да направат неколку фотографии кои беа сосема доволни за да предизвикаат реакции.

На социјалните мрежи се отвори жестока дискусија за нејзината фигура и изглед во комбинација што не ги истакнува нејзините атрибути, но многумина велат дека се чини како воопшто да ги нема облините кои ги истакнува на „Инстаграм“.

Поради тоа, масовни се критиките дека претерува со користење фотошоп кога објавува на фотографии на социјалните мрежи.

„Никој не ѝ рече дека си ги заборавила облините и задникот дома?“, „Каде е Кајли Џенер од Инстаграм?“, „Таа воопшто не личи на себеси, каква разлика…“, „Вака изгледа кога ќе ја нарачаш Кајли Џенер од фотографија на Интернет“, „Ми се допаѓа како изгледа, девојчето е во поширока гардероба, соберете се“, се само дел од коментарите.