Спасовски: Обезбедени се пари за функционирање на државата до крајот на годината

ИЗВОРСкопје24
|

Сите пари за нормално функционирање до крајот на годината се обезбедени, во смисла на плати, на пензии, на други трансфери. Не можеме целосно да процениме што ќе се случи до декември, но очекуваме дека сите аспекти ќе се подобрат, и здравството и економијата, еве во мај имаме зголемен прилив во буџетот за разлика од април. Ќе имаме дополнителни економски раздвижувања, не ги прекинавме капиталните инвестиции, правиме се да ја одржуваме државата економски активна, наведе техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Тој во интервјуто на Телевизија 24 нагласи дека и оваа година државата има милионски долгови и камати заради долговите на ВМРО ДПМНЕ.

– Наш став беше дека партиите не треба да ги земаат државните пари за оваа година кои им следат според закон. И ние ќе останеме на тоа, иако други партии не се согласуваат. Тоа е исто како и со функционерите, нашите ги донираат платите, другите не го прават тоа. Ќе размислиме дали со уредба можеме да ги ограничиме парите за партиите од буџетот, изјави Спасовски.

Тој исто така рече дека доколку бројот за заразени во наредните денови се намалува, тогаш нема да се воведува карантин за одредени општини.

-Владата е во постојано заседание и ако се процени дека има потреба од дополнителни рестрикции тоа ќе биде направено. Доколку почнат да паѓаат бројките во наредните два до три дена, тогаш нема потреба од воведување карантински мерки. Доколку бројките растат, секако дека ќе се размислува за карантински мерки за определени подрајча или општини. Доколку вака се развива состојбата, каде сите кластери се познати, тогаш нема да има потреба од карантински мерки, рече Спасовски.