Споделено видео од маж кој го уништува зелениот покрив на ГТЦ

ИЗВОРСкопје24
|

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, сподели видео од хулиган кој бил снимен во вторникот како го уништува почетокот на изградбата на зелениот покрив на Градскиот трговски центар во Скопје.

На снимката се гледа како мажот ги крши и фрла инсталациите на фонтаните, цевките на покривот на ГТЦ. Шилегов ја објави снимката на својот фејсбук-профил со порака:

Gepostet von Петре Шилегов am Freitag, 30. August 2019

„Нема да застанеме заради вакви луѓе. Скопје ќе го биде сакал некој или не“, напиша Шилегов на „Фејсбук„.

Зелениот кров на ГТЦ …И сторителот !!!Нема да застанеме заради вакви “луѓе”. Скопје ќе го биде. Сакал некој или не !!!

Gepostet von Петре Шилегов am Freitag, 30. August 2019

Град Скопје во февруари годинава почна со изградба на зелиот покрив на ГТЦ и, според најавите, требаше да биде готов во септември. Проектот предвидува да бидат зазеленити 1.800 квадратни метри, односно просторот што гледа кон плоштадот Македонија. Ќе бидат засадени 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 други видови садници. Ќе бидат поставени неколку водени зони во форма на фонтани и базени, монтажна бина, партерно шаховско поле, кафуле, како и модерна урбана опрема од клупи, корпи за отпадоци и паркинзи за велосипеди.