Спремете шишиња навреме: Утре без вода една скопска населба

ИЗВОРскопје24
|

Дел од жителите на Карпош утре ќе останат без водоснабдување поради изведување водоводен приклучок од Ф-80 мм на ул.Орце Николов бр.182.

Од 9 часот до завршување со приклучокот без вода ќе останат корисниците од ул.Орце Николов (дел), потегот од ул.Никола Тесла до Машински факултет и ул.Новопроектирана. (општина Карпош), соопшти Центарот за управување(РЦУК).