Србите и го расипаа планот: Ќерката на Tpaмп ја напушти Србија

ИЗВОРСкопје24
|

Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Тифани Трамп, заминала во раните утрински часови од Србија.

Тифани Трамп пристигнала на аеродромот “Никола Тесла” придружувана од обезбедување, заедно со своето момче Михаил Булос, со кого таа помина една недела во Србија.

Како што првично било планирано во српскиот главен град да остане единаесет дена, Тифани донела поинаква одлука, за што обезбедувањето, кое ја прати во чекор, не сакало да коментира.

Она што ги зачудило сите присутни на аеродромот е дека Тифани заминала на редовен лет, заедно со другите патници, објави “Блиц”.

Деновиве инаку доста се шпекулираше за доаѓањето на ќерката на претседателот Доналд Трамп, а многумина нагаѓаа на што се должи оваа посета.

Имено, Тифани Трамп имала закажано преглед кај докторот Момир Дујнич во оделот на интегративната медицина, со цел да побара совети за подобрување на здравствената состојба, пишува Блиц.

Овој вид лекување, кој сеуште е во фаза на развивање на нашиве простори, е комбинација од најдобрите во научната медицина и клинички докажана комплементарна и традиционална медицина.

Тифани направи детален преглед во кој и биле дадени совети за тоа како да го подобри начинот на живот преку исхрана и физичка активност.

ST LOUIS, MO – OCTOBER 09: Republican presidential nominee Donald Trump’s daughter Tiffany Trump talks to her sisters-in-law before the town hall debate at Washington University on October 9, 2016 in St Louis, Missouri. This is the second of three presidential debates scheduled prior to the November 8th election. (Photo by Scott Olson/Getty Images)

Бидејќи податоците за пациентите и нивните прегледи строго се чуваат во тајност, што да кажеме кога станува збор за ќерката на Доналд Трамп освен дека е невозможно да се дојде до повеќе информации, па поради тоа претпоставките продолжуваат овој пат за здравствените проблеми на Тифани.

„Не знам кој ве извести за ова, но не би сакал да зборувам на оваа тема“, кратко и јасно им порачал докторот Дујнич на медиумите кој притоа не демантирал дeка Тифани Трамп била негов пациент.