Средба со лице од минатото за Јарецот и враќање на долговите за Ракот: Дневен хороскоп (15.04.2019)

ИЗВОРСкопје24
|

Овен (21.03 – 20.04)

Вашите квалитети ќе ги забележат лица на повисока функција. Сакате по секоја цена да се изборите за нешто што ви припаѓа и можно е со поддршката на оние кои ве сакаат да успеете во тоа. Обидете се да ги избегнете лицата кои не ви мислат добро.

Бик (21.04 – 21.05)

Ве оптеретуваат непотребни ситници. Во љубовта сте подготвени во многу нешта да попуштите само за да си обезбедите мир, но партнерот постојано ви дава на знење дека е супериорен, а тоа многу ве нервира. Во одлична кондиција сте и добро се чувствувате.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Решавате многу важни деловни задачи кои долго време сте ги посакувале. Имате големи планови во врска со работата поради која би морале често да патувате. Плановите кои ги имате со партнерот се реални. Можна е минлива несвестица.

Рак (22.06 – 22.07)

Уживате во претстојните предизвици. Една личност врши притисок на вас во врска со враќањето на долговите. Можна е романса на работа со личност која површно ја познавате. Поведете повеќе сметка за својата крвна лика. Не се чувствувате баш најдобро.

Лав (23.07 – 22.08)

Пријатен ден во кој прекрасно се чувствувате и заборавате на се со што сте опкружени. Дружење со некој Рак дополнително ќе ве олабави. Тој постојано ве прогонува, така што нема да можете да се ослободите од него. Внимавајте на слатките, намалете ги.

Девица (23.08 – 22.09)

Се чувствувате убаво, но сакате таа состојба да ја поделите со другите. Со партнерот ги делите само убавите моменти, но имате време и за пријателите. Свесни сте колку ги имате и не можете се да постигнете. Очекувате многу од овој ден.

Вага (23.09 – 22.10)

Деловната ситуација е подобра од претходно. Немојте да го загорчувате животот на вашите најблиски, особено ако станува збор за емотивната сфера во животот. Имате чувство на отфрленост или промашување, а тоа дефинитивно ви го расипува расположението.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Недоверливи сте и не сте подготвени за соработка. Можни се критики поради лошата концентрација. Потребен ви е некој кој ќе ги разбере вашите емотивни проблеми и кој добро ве познава. Можни се проблеми со тироидната жлезда.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе успеете да им се допаднете на другите луѓе кои ви се важни за работата. Ќе бидете во елемент, но прилично исцрпени. Не би требало да преземете на себе си некои големи обврски. Мислите на лицето кое живее близу до вас. Премногу го исцрпувате вашиот организам.

Јарец (22.12 – 20.01)

Им се спротивставувате на лицата со кои немате добра соработка. Исклучително сте романтични и подготвени да се впуштите во мирни води или да се занимавате со децата доколку ги имате. Постои опасност да се појави некое лице од минатото. Здравјето ви е добро и постабилно.

Водолија (21.01 – 19.02)

Доколку сакате да ја промените работата, добро размислете пред да го направите тоа. Атмосферата во вашиот дом станува прилично напната, бидејќи вие сте поттикнувач на многу случувања, разговори и активности со кои вашите блиски не се сложуваат.

Риби (20.02 – 20.03)

Не донесувајте одлуки брзоплето. Ако имате намера да се впуштите во работа со роднините, добро размислете колку тоа ќе ви се исплати. Во љубовта сте прилично воздржани и недоверливи. Не претерувајте со консумирањето на слатки.