Средните училишта се отвораат во Грција, но забраните за движење остануваат

ИЗВОРСкопје24
|

На 1 февруари повторно ќе почнат со работа средните училишта, каде што нема настава од средината на ноември, но дека сите други мерки воведени за сузбивање здравствената ситуација ќе останат во сила, велат властите во Грција


Основните училишта повторно работат од 11 јануари, а дел продавници за непрехранбена стока повторно беа отворени една недела подоцна, иако со голем број ограничувања.

Но ограничувањата за движење ќе останат во сила, вклучувајќи полициски час во текот на ноќта, забрана за патување низ Грција и задолжителен седумдневен карантин за сите патници што пристигнуваат од странство на грчките аеродроми до 8 февруари. Студентите на универзитетите ќе продолжат со далечинско учење.

Иако во последните неколку недели Грција забележува голем пад на  случаи поврзани, властите велат дека строгите ограничувања ќе останат во сила во текот на целата зима.