Среќа, пари, разделби: Неделен хороскоп (06 – 12.07.2020)

ИЗВОРСкопје24
|

Овен (21.03 – 20.04)

РАБОТА: Доколку се бавите со приватна работа можете да очекувате ненадејно подобрување на овој план. ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта ве очекува прилика за емоции со личност која до скоро била само ваш пријател. ЗДРАВЈЕ: Можни тешкотии поради недостаток на минерали во телото.

Бик (21.04 – 21.05)

РАБОТА: Пред вас е прилика да направите добар деловен договор со лице кое може да ви биде од голема корист. ЉУБОВ: Љубовната ситуација ве прави среќни бидејќи овој период лесно ќе запознавате нови лица со кои ќе флертувате. ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со дишните патишта.

Близнаци (22.05 – 22.06)

РАБОТА: Ве очекува материјална добивка која ќе ја врати насмевката на вашето лице. ЉУБОВ: На полето за љубов ќе постојат сомнежи. Нема да му верувате на партнерот. ЗДРАВЈЕ: Солиден период.

Рак (22.06 – 22.07)

РАБОТА: Можно е да не ви биде баш толку лесно да се сконцентрирате на рбаотата и да правите некои помали грешки. ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта, ќе имате помешани емоции и ни сами не сте сигурни што сакате. ЗДРАВЈЕ: Можна вртоглавица.

Лав (23.07 – 22.08)

РАБОТА: Ќе бидете подготвени да донесете некои важни одлуки кои ќе ве доведат до промени. ЉУБОВ: Љубовната ситуација е променлива, ви се допаѓа некој кој не е покрај вас. ЗДРАВЈЕ: Одлично.

Девица (23.08 – 22.09)

РАБОТА: Многу сте брзи и ефикасни, лесно ќе ги обавувате задачите и оваа недела ќе бидете во добра работна атмосфера. ЉУБОВ: На полето за љубов ве очекува многу интересна ситуација со една Водолија. ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со нервниот систем.

Вага (23.09 – 22.10)

РАБОТА: Ве очекува ненадејна прилика да напредувате на полето за работа, потрудете се да ја искористите. ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта, пред вас е многу поволен период, некои ќе ја официјализираат врската. ЗДРАВЈЕ: Ве очекува многу добра ситуација.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

РАБОТА: Многу поволен период за годишен одмор. Нема да имате никакви деловни обврски. ЉУБОВ: На слободните љубовната ситуација ќе им биде многу интересна бидејќи ќе имаат богата понуда од додворувачи. ЗДРАВЈЕ: Ќе бидете полни со позитивна енергија.

Стрелец (22.11 – 21.12)

РАБОТА: Можете да се надевате на ненадејно подобрување кога станува збор за полето за финансии. ЉУБОВ: На полето за љубов ќе ви се појави личност која ќе ве освои за момент. ЗДРАВЈЕ: Можна е мала чувствителност поврзана за уринарниот тракт.

Јарец (22.12 – 20.01)

РАБОТА: Можете да се потпрете на деловниот партнер кој ќе ви се понуди да ја обавува работата и за двајцата, па така ќе имате време да одморите. ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта ве очекува период кој е исполнет со нежности и внимание. ЗДРАВЈЕ: Можна појава на алергија.

Водолија (21.01 – 19.02)

РАБОТА: Нема да ви биде воопшто тешко максимално да и се посветите на работата, иако ќе имате и многу други обврски. ЉУБОВ: Љубовната ситуација за сега е стабилна, нема да се случат некои големи промени. ЗДРАВЈЕ: Можен пад на имунитетот.

Риби (20.02 – 20.03)

РАБОТА: Пред вас е многу добра фаза во која нема да имате речиси ни малку деловни обврски, па така ќе му се препуштите на уживањето. ЉУБОВ: На полето за љубов ве очекува едно ново интересно познанство и важни промени. ЗДРАВЈЕ: Ви се препорачува да се бавите со некој спорт.