|
Српската пејачка Теодора Џехверовиќ направи вистинска бура на естрадата откако на Инстаграм објави дека и пишал бразилскиот фудбалер Нејмар.
Набрзо следуваа полемики дали можеби Теодора ја фотошопирала пораката, по што се огласи пејачката.
Таа на Инстаграм приказна ја означи својата пријателка и напиша:
-Да не ми ја фотошопираше ти пораката со Нејмар? Луѓе, ќе ве изеде љубоморара, но реално е кога некои мислат дека лажам дека не ми е името Суада, зошто би ми верувале и за ова, напиша Теодора.
За потсетување познато е дека по раѓањето родителите и го дале името Суада, на инсистирање на татото, но подоцна мајка и’ и го променила името во Теодора.