Српската пејачка се почести со уште еден стан во елитна населба во Белград, а за истиот плати повеќе од 350 000 евра

ИЗВОРСкопје24
|

Според пишувањата на српските медиуми, пејачката Дара Бубамара одвоила повеќе од 350.000 евра за нов стан во „Белград на вода“. Пејачката неодамна го завршила процесот на купување. Многу и се допаѓа што се наоѓа во зграда покрај река, но не била сигурна дали да го купи бидејќи веќе има неколку станови.

Сепак, со консултација со поранешниот сопруг одлучила да инвестира во оваа недвижност. Одбрала стан од 60 квадрати, а го платила 6000 евра по квадрат. Бубамара добила попуст бидејќи платила во готово, па за станот искеширала околу 350 000 евра.

Зградата во која се наоѓа станот е делумно уредена и остануваат уште неколку месеци да се доработи на неа. Тоа значи дека пејачката нема да може да се всели до крајот на годината.

Доколку се одлучи да живее во тој стан, Дара на располагање ќе има паркинг, обезбедување, теретана, базен. Бубамара има и стан на Дедиње, а неговата цена е околу пола милион евра. Исто така има и мал стан на периферијата во градот, а и еден во Нови Сад. Неодамна купи и гарсоњера во Атина која планира да ја издава.