Српскиот пејач покажа како изгледа после губењето на 88 килограми – ФОТО

ИЗВОРСкопје24
|

Познатиот српски пејач Дарко Лазиќ по операцијата која ја направи на желудникот изгуби многу килограми.

“Изгубив 88 килограми. Сакам да ослабам уште десет. Сега во коментари ми пишуваат дека сум анорексичен! А, не им се допаѓаше кога, како што ме нарекоа, бев дебела свиња! Не им одговара сега кога сум слаб. Веројатно ќе им одговора..,. Кога ќе престанам да дишам“, рече Дарко во емисијата„ Шок ток “.

„Никогаш не сум се чувствувал подобро, никогаш поубаво, никогаш посреќно. Колку ми беше лошо здравјето пред операцијата, покажува и фактот дека земав лекови за притисок наутро и навечер. По операцијата воопшто не пијам апчиња. Спијам малку и сум сит. Енергија, живот и волја“, рече тој.

Покрај тоа, Лазиќ со насмевка истакна дека сега јаде најмалку во семејството, иако јадел најмногу до пред една година: „Дури и мојот син Алексеј јаде повеќе од мене. На пример, тој јаде едно и пол јајце, а јас јадам само половина“, рече пејачот.