Српскиот пејач кој има и вонбрачно дете се разведе по пет месеци брак

ИЗВОРскопје24
|

Српскиот пејач Дадо Полумента во јавноста е познат по неколкуте скандали кои ја одбележаа неговата кариера во изминатиов период.

Прво доби вонбрачно дете, а потоа се венчаше со наставничка по вероисповед Селма Мекиќ од која се разведе по само пет месеци брак.

По пет месеци брак во 2012 година пејачот и неговата поранешна сопруга го раскинаа бракот кој го склучија со исламски обичаи, а причината беше неговото „ергенско“ излегување до доцна во ноќта што се коси со размислувањето на неговата сопруга, но и со неговата вера.

Како што тогаш се пишуваше скандалот настанал откако Селма видела фотографија од сопругот од една ноќна забава.

Пред венчавката Дадо за српските медиуми велеше дека не му смета што со неговата девојка пред брак му е забрането бакнување, допирање, секс и излегување и велеше дека тоа е сосема нормално, за по пет месеци врска се разведе.

Селма по разводот продолжи понатаму да се занимава со изработка на оргинални женски марами.

-Започнав бизнис и прва серија на оргинални женски марами изработени од мене и многу сум среќна што многу жени носат марами, откри неодамна Селма за српските медиуми.