Српските пејачки си разменија куп навреди, а сега признаа дека се било „фора“

ИЗВОРскопје24
|

Српските пејачи често медиумски се караат и препираат, а меѓу нив се најдоа и Дара Бубамара и Јами, а сега признаа дека сето тоа било само „фора“.

Имено Дара изреагирала откако Јами рекла дека таа е ниска и необразована, по што Дара објавила фотофрафија на Инстаграм и напишала „ова е чудовиштето кое ме прозива“.

-Скоро ми се јави и ме викаше да пиеме кафе, ми рече немпј да се лутиш се беше „фора“. Јас не и се лутам , многу ја сакам, објаснила пејачката Јами.

Инаку фановите на Дара Бубамара жестоко ја обвинија Јелена Карлеуша дека негативно влијае на пејачката.

Нападот на Јелена Карлеуша на социјалните мрежи не престанува. Дара ја обвинија дека откако го обнови пријателството со Карлеуша често влегува во конфликти со колегите.

„Доволно долго ја следам естрадата и знам дека Дара досега нема вака ниско ударено. Но, добро сама ќе види колку згреши кога ќе се раздели со Јелена и кога новите фанови ќе и свртат грб, а јас едвај чекам тоа да се случи“ напиша на Твитер еден фан на Дара.

Причината за тоа е што Дара објави фотографија од пејачката Јасна Миленковиќ Јами, а во описот напиша:

„Ова е чудовиште кое ме прозива“.

Фановите на Дара мислат дека Карлеуша е виновна за нејзиното однесување и дека наводно Бубамара сака да биде како нејзината пријателка, пишуваат српските медиуми.

Наводно Дара исто така се труди да позира како Јелена, има слични модни комбинации и имаат иста фризура.