Стабилен викенд – од понеделник попладне спремете се за ЦИКЛОНОТ РОБЕРТ

ИЗВОРскопје24
|

За време на овој викенд ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност.

Минималните температури и понатаму ќе бидат доста ниски и ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 10 степени додека максималните дневни денес ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 а утре од 19 до 25 степени.

Под влијание на нов влажен бран кој ќе биде во склоп со циклонот РОБЕРТ на повеќе места нови врнежи ќе имаме во вторник кога повторно локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

Локално не се исклучуваат и нешто ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси. Појава на врнежи ќе има уште во понеделник и тоа на запад.

За време на овој циклон локално ќе наврне позначително количество на воден талог.

Инаку да напоменеме дека најмногу дожд за време на студениот фронт кој помина над нашата држава во четвртокот како и во текот на ноќта кон петок најмногу дожд донесе во Охрид и тоа 26 л/м2 воден талог.

За подетални метео информации посетете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.