Станија е очајна – не може да забремени, па спасот го побра во манастирот во Острог (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Станија Добројевиќ сè уште размислува дали да влезе во „Задруга 3“ и да се соочи со Владимир Томовиќ. Од враќањето од Америка, таа не се раздели од своето момче Марко Марковиќ, а како што ни откри нејзината пријателка, старлетата се обидува да забремени!

Ова сè уште не се случува, па таа дури отиде со Марк во манастирот Острог да се моли за да добијат потомци затоа што веќе започна да очајува и да се секира дека не може да има деца!

„Станија има голема желба да остане бремена. Марко е помлад од неа дури девет години, но тој е подготвен за улогата на татко. Тие со месеци работат на бебето, но ништо не се случува! Затоа отидоа во Острог да се молат за да добијат бебе, а таа дури зема масло од Свети Нектариј од монасите за да остане во блажена состојба што е можно поскоро.

Станија смета дека е крајно време да стане мајка и за тоа отворено разговараше со Марко.Беше пресреќна кога Марко и рече дека сака да има дете и дека се гледа себеси до неа до крајот на животот, иако за многумина се чини дека оваа врска е лажна.

Станија размислува и дали повторно треба да влезе во Задруга 3, а Марко ги поддржува сите нејзини одлуки. И бидејќи тие цврсто решиле да станат родители, тоа е причината зошто наместо во ноември, го одложи својот влез во реалното шоу за јануари.

Ако не забремени до јануари, таа тогаш најверокјатно ќе влезе во шоуто, иако искрено очекува наскоро да ја обзнани радосната вест“ – вели пријателката на Станија!