|
Старлетата Станија Добројевиќ изгледа одличном а сега кога ја покажа својата мајка, многумина коментираат дека згодното тело го наследила од неа.
За време на престојот на Копаник, старлетата во неколку наврати го покажа своето извајано тело, а покрај напорните тренинзи и урамнотежената исхрана, нејзиниот изглед дефинитивно се должи и на генетиката. Нејзината мајка Славица стана вистинска сензација откако отвори профил на Инстаграм. На нејзиниот профил најчесто има фотографии со ќерката и синот, но и неколку фотографии на кои покажа како може да ужива.
Славица Добројевиќ има 59 години и може да се пофали со одлична фигура. Мајката на Станија на својот Инстаграм објави неколку фотографии во костим за капење и го покажа своето убаво тело.