Стар рецепт за туршија: Останува свежа до крајот на зимата и без конзерванси!

ИЗВОРСкопје24
|

Туршијата е природен пробиотик и моќен лек. Ако во текот на зимата за време на секој ручек јадете зеленчук од туршија ќе ја обновите цревната микрофлора, ќе го забрзате метаболизмот, ќе го подобрите имунитетот, ќе ја спречите појавата на карцином, ќе го регулирате крвниот притисок, ќе го снижите нивото на холестерол, ќе го подобрите расположението и слично.

Рецепт за туршија Состојки: 5 килограми зеленчук за туршија (краставички, пиперки, моркови, зелен домат, карфиол, ситен кромид…) 5 литри вода 1 литар оцет 13 супени лажици шеќер 5 супени лажици сол кесичка винобран зачини: бибер во зрно, мирудија, рен…

Приготвување: Добро измијте го зеленчукот, па исчистете го. Потоа, продупчете ги пиперките за да влезе вода во нив. Исчистете го морковот, кромидот и доматите. Потоа ставете го зеленчукот во буре и ставете вода во која сте додале оцет, сол, шеќер и винобран.

Сето тоа добро измешајте го, па притиснете го зеленчукот за да биде што подлабоко во водата. Зеленчукот можете да го додавате и постепено во водата, но може да додавате и вода (со оцет и зачини).

Чувајте го бурето на суво и ладно место, далеку од сонце.