Стар воз заглавен на мост – мештаните од него направиле луксузен хотел (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Ова е феноменална атракција која што туристите многу често ја посетуваат.

Хотелите во возовите или пак направени на мостови не се новост, но во Јужна Африка се прават псоледните подготовки за отворање на навистина фасцинантното место за одмор – хотел Кругер Шалати на реката Сејба.

На влезот од националниот парк Кругер Шалати се наоѓа мост над реката кој што некогаш служел како железница.

На почетокот на 20-ти век претставен е најлесниот начин да се влезе во еден од најголемите резервати за диви животни во Африка.

UNESCO го ставил на својата листа на резервати во кој што владее усогласување на човекот и природата.

Кога патниците некогаш се движеле кон паркот на железничката, во текот на вечерта ќе направеле пауза на мостот, а наутро ќе се разбуделе со нереален поглед од купето кон околната природа и ќе продолжеле понатаму, во срцето на Кругера.

Како што велат, во хотелот, Шалати е името за жените работнички од племето Конга кое што го водело кланот Тебулу.

Секој од 12-те вагони е целосно обновен и поделен во две соби со тоалет.

Низ големите прозорци, од подот до таванот има поглед кон реката, а за деталите се погрижиле локалните уметници.

Во заедничкиот надворешен дел се наоѓа базен и кафуле од кое што гостите го набљудуваат паркот во кој што живеат над 500 видови птици, 114 видови рептили и 147 видови цицачи.