Старецот се расплака, откако неговите блиски не дојдоа на неговиот роденден, а потоа се досети на нешто генијално

ИЗВОРСкопје24
|

Семејството е сè, а оние кои ја искусиле убавината на семејната среќа, ќе се согласат со ова тврдење. Се подразбира, понекогаш меѓу членовите постојат спорови, но крвната врска не треба да се наруши. Токму за оваа цел, денес ја раскажуваме приказната на Едувигес Вилаторо, кој посака својот 61-ви роденден да го прослави во кругот на најблиските.

Неговата желба беше роденденот да го прослави во ресторан со неговите деца и внуци. По тој повод, избра прекрасно место во Веракруз, Мексико, а резервираната маса беше украсена во вистински роденденски дух.

Но, никој од поканетите гости не се појави. 61-годишниот дедо чекаше и чекаше и на крај седна сам на роденденската маса. На останатите гости во ресторанот им падна жал кога дознаа дека тоа што требаше да биде повод за радост, набрзо стана тажна вечера. На крај, Едувигес стана од столот, се накашла и ги замоли присутните за внимание.

„Денес ми е роденден, полнам 61 година и сам ја подготвив забавата. Купив торта, бидејќи требаше да го почестам семејството, за да го прославам овој повод. Се надевав дека моите деца и внуци ќе дојдат. Но, како што гледате, никој не се појави“- изјави старецот.

Потоа низ солзи, тој продолжи: „Затоа сега ве прашувам, дали има некој што би сакал да ми се придружи на масата, да го прославам роденденот и некој да ми испее „Среќен роденден“. Ќе му бидам вечно благодарен!“

Гостите веднаш ја покажаа својата позитивна реакција, при што застанаа во ред за да му го честитаат роденденот на осамениот дедо, а момент подоцна, ги приближија нивните маси за да заедно и го прослават овој убав повод.