Ставен под контрола големиот пожарот во Карбинци – Причината поради која избувнал сеуште непозната

ИЗВОРСкопје24
|

Гоелмиот пожар кој избувна денеска околу 16 часот кај Карбинци за среќа веќе е ставен под контрола, а на терен се уште се пожарникарите и месното население, кои не дозволуваат тој да продолжи да се шири.

Како што веќе информиравме изгореа две викенд куќи, пумпна станица за вода за пиење, фотоволатична централа, шумски појаси и околу 100 хектари земјоделско земјиште, за среќа поголемиот дел од житарицата е ожнеана. Од една од викендичките евакуирани се и три лица, меѓу кои мајка на возраст од над 50 години и нејзиниот син со посебни потреби.

Од куќата ги извлекле двајца полицајци и месното население, кое веднаш се вклучило во спасување и гаснење на пожарот, а со трактори не дозволиле да се прошират огнените јазици и кон околните викенд куќи.

Градоначалникот на Општиан Карбинци, Јордан Насев кој беше на лице место вели материјалната штета е голема.

– И покрај брзата интервенција од противпожарната единица, коишто со четири возила и дваесеттина пожарникари и месното население беше со земјоделска механизација, меѓутоа не успееја да се спротистават на силниот ветар, којшто се уште беснее и дополнително го отежнува гаснењето на овој пожар, вели Насев.

Во првите моменти околу 50 жители од Општина Карбинци се вклучиле во гаснењето на пожарот, а дополнително бројката се зголемила.

Регионалниот патен правец од селото Таринци кон селата Карбинци, Радање и кон планината Плачковица беше затворен за сообраќај, а полицијата се уште е на терен.

Според Насев, засега официјално не се знае кои се причините за големиот пожар, месното население е категорично дека овој пожар не е предизвикан од стрниште, според нив пожарот почнал да се шири во близина на трафостаница на ЕВН.