Ставете лимон во собата во која спиете: Ќе се воодушевите од резултатот

ИЗВОРСкопје24
|

Познато е дека лимонот е богат со витамин Ц и одлично влијае на вашето здравје. Се препорачува да се јаде кога сте настинати или сакате да слабеете, но покрај тоа исто така има и други многу поволности. Се додава во чај или се пие како лимонада, но некогаш не мора ни да се конзумира за да биде корисен за вашето здравје.

Ако оставите половина лимон на ноќната масичка до вас вистински ќе се опуштите бидејќи цитрусната арома го смирува нервниот систем, ја намалува анкциозноста и ве ослободува од стресот.

Есенцијалното масло или парче пресечен лимон ја подобруваат вашата концентрација и ве одржуваат фокусирани.

Оние луѓе кои секојдневно се изложуваат на мирисот на лимон имаат докажано поголема меморија и поретко грешат во текот на извршувањето на работните обврски.

Освен пријатната арома, лимонот има и бактерицидни својства со кои го прочистува воздухот во просторијата во која спиете, но и ги брка мувите, комарците и мравките кои не го поднесуваат неговиот мирис.